Поврзете се со нас

Формула 1

Возачот на медицинското возило со коментар за херојскиот чин во Бахреин: Гледавме само огнена топка, Грожан се спаси….

Објавено

на

Роман Грожан презентираше неверојатна храброст и буквално одеше низ пламен и со помош на медицинските лица не дозволи огнот да го „проголта“ и да видиме хорор сценарио на трката за Големата награда на Бахреин.

Еден ден по неверојатните сцени во првиот круг, луѓето од мото спортот се уште не можат да поверуваат во чудото на кое сведочеа сите присутни на патеката, а откако пристигна најдобра вест дека Грожан нема никакви сериозни повреди и се рехабилитира во болница, вреди да се слушнат изјавите од луѓето кои први пристигнаа на немилиот настан.

Медицинското возило за алармантни ситуации пристигна на местото за 20-тина секунди, па со својата експресна реакција воодушевија и управувачот на автомобилот Алан Ван Дер Мерве и докторот Јан Робертс.

– Огромен дел од нашата работа е добра подготовка, но никогаш претходно немавме видено нешто вакво. Никогаш немав видено пожар како овој во мојата етапа како возач на медицинското возило. Ова беше нова и непозната територија за нас и можевме да се подготвиме само со нашите брзи идеи, – вели Ван Дер Мерве и додава.

– Правиме подготовки за многу сценарија, но ова беше вистинска лудост. Искрено, кога дојдовме таму и кога видовме дека болидот е на два дела, сфаќате дека имате само секунди. Не се гледаше вториот дел од болидот, ја гледавме само големата огнена топка. Подготовката за сценарија те води само до одредена точка, се друго е брза мисла и инстинкт.

– Ова беше неверојтна тимска работа, со Робертс работиме како тим. Во последна секунда, јас мора да му верувам него и тој мене, за среќа се излезе како што треба. Сепак, Ромен направи најголем дел од работата, направи многу. Фактот што тој успеа да излезе сам на свои нозе, без една патика на ногата беше многу важен. Една промена во овие работи можеше да донесе многу поинаков резултат. Сите работевме како тим и на крајот се покажа дека вредеше, но Роман се спаси со својата инстинктивна и брза реакција, – завршува Ван дер Мерве.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни