Поврзете се со нас

Европски првенства

Воткинс откри каква порака му испратил на својот асистент пред клучниот момент во Дортмунд: Се колнам дека беше така

Објавено

на

Foto:x.com/England

Оли Воткинс одигра само 20 минути во досегашниот тек на Европското првенство, но краткото издание кое го имаше против Данска никој не го запамети по некој добар потег.

Сето тоа надополнето со стандардните замени на Герет Саутгејт направи да не добие шанса во нокаут фазата, но затоа вечерва ги дочека своите „пет минути“ и прерасна во голем англиски херој.

Напаѓачот на Астон Вила го замени капитенот Хари Кејн и погоди за победа против Холандија во 90-та минута, па сега доби шанса да биде и најбарана личност меѓу англиските новинари.

– Чекав за овој момент со недели. Цела напорна работа сега вроди со плод, тука сум поради тоа што го правев со мојот клуб. Пресреќен сум што и помогнав на Англија.

– Ќе ви откријам нешто од пред натпреварот. Му кажав на Кол Палмер дека тој ќе ми асистира и дека денеска ќе постигнам гол. Се колнам дека беше така. Ова е најдоброто чувство што може да се има, добивме многу критики за време на турнирот, но сега ќе играме финале и тоа ее најважно. Никогаш не се предаваме и знаеме да се вратиме. Кога примаме гол, очигледно тоа не буди. Така беше и сега, – изјави Воткинс.

Инаку, Палмер и Воткинс влегоа во игра истовремено, а тие се покажаа како вистински „џокери“ за селекторот Саутгејт, бидејќи првиот асистираше, а вториот погоди за финале на Европско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни