Поврзете се со нас

Англија

Вотфорд стана трет клуб кој е против натпревари на неутрален терен

Објавено

на

Премиер лигата се уште не го дефинирала продолжување на сезоната, а предлогот натпреварите да се играат на неутрален терен, не поминува најдобро меѓу дел од клубовите.

Денеска, Вотфорд потврди дека е третиот клуб, по Астон Вила и Брајтон, кој е против ваквата идеја и нема да гласа во нејзина корист кога ќе биде на дневен ред.

– Без проблеми го прифаќаме фактот дека не можеме да играме со публика, но сега ни велат дека нема да можеме да играме ниту на својот терен и со тоа да ги загубиме сите предности кои ги носи тоа за нашите фудбалери.

– Имаме лекарски тим кој работи на начин кој досега не бил предвиден и со протокол кој повеќе е заснован на претпоставки, отколку на научни факти. И со сите овие компромиси и ризици кои ги носат по здравјето на инволвираните, од нас се бара да го завршиме првенството на начин кој е драстично различен од претходниот, а со тоа ризикуваме еден мал клуб како Вотфорд да остане без место во Премиер лигата.

– Па, дали е ова фер, дали го почитува спортскиот интегритет? Секако дека не, – изјавил извршниот директор Скот Даксбјури.

Засега не е познато кога ќе биде гласањето за официјална одлука како ќе се заврши сезоната, но за да биде прифатена треба, за неа треба да гласаат 14 од 20 клубови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни