Поврзете се со нас

Македонија

Воска Спорт најави големи промени во тимот, Захариевски ќе биде заменет од негов досегашен асистент

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Воска Спорт најави дека ќе направи многу промени во составот во пресрет на новата сезона, а тоа подразбира и промени во стручниот штаб.

Финалистот во Купот потврди дека Срѓан Захариевски веќе не е тренер на охридскиот тим, а неговото место ќе го заземе досегашниот асистент, Сеит Крека.

Воска Спорт последнава сезона обезбеди директен опстанок, но прашање е со какви амбиции ќе влезе во сезоната 2024/2025 со оглед на заминувањата на дел од најквалитетните играчи.

– Екипата на Воска спорт ќе ги започне подготовките за новата сезона на 27-ми јуни во Охрид. Овие подготовки ги започнуваме со многу промени. Во новата сезона тимот ќе го предводи Сеит Крека, кој досега беше помошник на Срѓан Захариевски. Покрај промената на клупата, тимот има промени и во делот на играчкиот кадар, каде ќе имаме целосно нова формација во новата сезона.

Истовремено, сакаме да им се заблагодариме на сите играчи, тренери и останатиот тимски кадар кои изминатиот период служеа и придонесоа за Воска, посакувајќи им успех во иднина, – стои во краткото соопштение на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни