Поврзете се со нас

Македонија

Воска Спорт донесе три засилувања од Финска

Објавено

на

foto: FB-F.C Voska Sport

„Фенерџијата“ во Првата македонска лига составот на Воска Спорт официјализираше три засилувања за вториот дел од шампионатот.

Клубот од Охрид ја информираше јавноста дека клубот е освежен со тројца играчи кои досега настапуваат во Финска. Филип Валенчиќ е интернационалец од Словенија кој последниот ангажман го имал во Хонка, а претходно бил дел од клубови од својата татковина, Италија, Англија, Норвешка, Белорусија, Исланд и Полска.

Потоа тука се двајцата фудбалери кои доаѓаат од Хака и се Финци, 30-годишниот Туре Сира кој своевремено бил дел од младинските селекции на својата земја и Оива Лаксонен, офанзивец кој има 21 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни