Поврзете се со нас

Македонија

Воска се пофали со четири засилувања во еден ден

Објавено

на

Воска Спорт беше прилично тивка во досегашниот тек од зимскиот преоден рок, но откако вчера го претстави Искендер Јонузи за нов спортски директор, веќе денес потврди четири зимски засилувања.

Клубот од Охрид се подготвува за пролетниот дел од сезоната и целта е да обезбеди опстанок во елитата, а тоа ќе биде доста полесно за остварување со искусните имиња кои ги претстави денеска.

Денот започна со ангажман на Антонио Илиески кој ќе биде супер засилување за одбраната, но веднаш после него беше потврден и ангажманот на досегашниот голман на Шкендија.

Костадин Захов како неколкукратен шампион ќе биде огромно засилување за Воска во вториот дел од сезоната, и јасно е дека ќе биде промовиран во „единица“ до крајот на сезоната.

Покрај Илиески и Захов, Воска подоцна денеска потврди уште две засилувања, а тоа се Ардит Иљази кој до неодамна настапуваше за албанска Теута, како и Абдилхади Јахја кој доаѓа редовите од актуелниот шампион Струга.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни