Поврзете се со нас

Македонија

Воска на чекор од историско финале во Купот

Објавено

на

Foto: FB/F.C Voska Sport

Воска Спорт дојде на чекор од историско прво финале во најмасовното натпреварување во Македонија, откако денеска ја искористи предност од домашен терен против „лавовите“.

Тимот од Охрид профитираше од извонредните 100-тина секунди пред крајот на првиот дел, кога домаќините постигнаа два гола кои се покажаа како решавачки за победа и голема предност пред реваншот.

Момците на Срѓан Захариевски беа подобар ривал на теренот и направија разлика во период од две минути, а херои на теренот беа Бајрами и Георгиев кои се запишаа во листата на стрелците.

Македонија Ѓорче Петров во вториот дел се обиде да се врати во игра и да постигне гол кој ќе го ублажи поразот, но сега ќе брка два гола негатива на реваншот кој ќе се игра во Скопје.

Во првото полуфинале кое се одигра вчера, Шкупи и Тиквеш одиграа без голови на стадионот во Чаир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни