Поврзете се со нас

Македонија

Воска ја засили средината на теренот со играч од БиХ

Објавено

на

foto: FB/F.C Voska Sport

Екипата на Воска Спорт го официјализираше првото зимско засилување кое доаѓа од Босна и Херцеговина, засилување на средината на теренот.

Се работи за 26-годишниот Петар Бојо за кого ова ќе биде прв предизвик во Македонија. Негов последен клуб е Игман Коњиќ, а претходно бил дел од Младост Какањ, Витез, Железничар и Зрињски Мостар со кого во сезоната 2021/2022 стана шампион на БиХ.

Во младинските категории го носел дресот на Широки Бријег и на Јихлава од Чешка.

Воска со 20 бода е на 9. место на табелата во ПМФЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни