Поврзете се со нас

Македонија

Воша направи операција и го очекува пауза, Личина и Тасев остануваат во Ѓорче

Објавено

на

Тимот на Македонија Ѓорче Петров ги продолжува подготовките за новата сезона, а најновата вест е дека верноста кон клубот ја продолува уште двајца играчи Есмин Личина и Стефан Тасев.

Личина и Тасев остануваат во македонскиот прволигаш најмалку до 2023 година, односно им се приклучија на Ермендин Адем, Кристијан Стојкоски, Христијан Стевковски, Филип Мишевски и тренерот Муарем Бајрами кои ги продолжија договорите, додека официјално засега како засилувања се потврдени Христијан Пецов, Бојан Илиевски и Александар Ѓорѓиески.

Кога е во прашање „лавовите“ исто така вреди да се напомене дека Арби Воша мораше да направи операција во пределот на препоните. Тој веќе е пуштен од болница и според клубот ќе им се врати на тренинзите за три седмици.

Само за потсетување Македонија ЃП ова лето ќе не претставува во Конферециската лига каде во второто квалификациско коло ќе ги одмери силите со ЦСКА Софија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни