Поврзете се со нас

Свет

Ворнок воодушевен од Миовски: Најдобар напаѓач кој сум го имал во моите тимови

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Бојан Миовски повторно е прогласен за играч на натпреварот и тоа откако Абердин успеа да избори пласман во четвртфиналето на шкотскиот Куп благодарение на неговите два гола постигнати во првото полувреме.

Фаворитот славеше на гостувањето кај нисколигашот Бонириг и го продолжува настапот во натпреварувањето во кое може да се бори за трофеј, а менаџерот Нил Ворнок повторно не штедел комплименти за Македонецот.

Искусниот менаџер има работено во многу англиски клубови, зад себе има 1600 натпревари во кариерата долга 40 години, но вели дека Миовски е нешто посебно.

– Што да ви кажам за Миовски?

– Тој е топ напаѓач, а јас цела кариера имав проблем да најдам добар напаѓач.

– Нели е малку иронично што во оваа етапа од мојата кариера во тимот го имам најдобриот напаѓач со кој сум можел да соработувам, – рекол Ворнок.

Македонецот е незадржлив: Миовски со два брзи гола му донесе победа на Абердин во Купот (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни