Поврзете се со нас

Свет

Ворнок со низа пофалби за Миовски: Тој е најдобар во Шкотска, му кажав дека може да игра….. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Нил Ворнок не штедеше пофалби за Бојан Миовски во првото интервју кое го направи за шкотската телевизија по крајот на дербито на „Ајброкс“, но искусниот стручњак продолжил во ист стил и во разговорот со официјалната телевизија на Абердин.

Ворнок пристигна во шкотскиот тим пред неколку дена и веднаш се фати за работа, а уште на првите тренинзи сфатил дека во нападот поседува играч кој има нешто посебно.

Станува збор за македонскиот центарфот Миовски кој вчера го постигна 20-от гол од стартот на сезоната, за кого Ворнок веќе типуваше дека ќе стигне најмалку до 30.

Во интервјуто за клупската телевизија, поранешниот менаџер на Кардиф и КПР вели дека Бојан уште утре може да игра на највисоко ниво во англиската Премиер лигата, но истовремено е среќен што ќе може да ужива во него барем до крајот на сезоната.

– Мислам дека нема ниту еден подобар играч од него во Шкотска. Пред натпреварот со Ренџерс, додека бевме во хотелот, му кажав дека веќе утре може да игра за било кој тим во Премиер лигата и ќе биде одличен таму.

– Но, од друга страна, мило ми е што остана тука, бидејќи сега јас сум тука. Верувам дека ќе постигне 30 гола оваа сезона, – вели Ворнок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни