Поврзете се со нас

Свет

Ворнок си заминува по 33 дена: Миовски и компанија ќе добијат нов тренер

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Искусниот англиски стратег, Нил Ворнок нема повеќе да го води Абердин, тим за кој настапува македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски.

Абердин денеска забележа победа над Килмарнок (3-1) и обезбеди полуфинале во Купот на Шкотка, но веднаш потоа стигна информацијата дека Ворнок си заминува и тоа по само 33 дена на клупата на прволигашот.

Нил го наследи Бери Робсон минатиот месец и на осум натпревари забележа две победи и тоа во Купот.

Последните информации кои доаѓаат од островот се дека најсериозен кандидат за испразнетото место е некогашниот менаџер на Селтик, Нил Ленон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни