Свет
Ворнок откри што му порачал на фантастичниот Миовски по дербито со Ренџерс

Искусниот Ник Ворнок пред само два дена беше потврден како нов тренер на Абердин, а поранешниот менаџер на КПР и Кардиф имаше тешка премиера во шкотската елита, бидејќи неговите миленици мораа да истрчаат на „Ајброкс“.
Бојан Миовски и соиграчите воопшто не се исплашија и одиграа навистина храбро против еден од двата фаворити за титулата, неколку дена по импресивното издание против Селтик на домашен терен.
За жал, Абердин не успеа вторпат во низа да шокира еден од великаните, но добра вест беше тоа што Бојан Миовски ја продолжи својата голгетерска серија и го постигна 20-от погодок од стартот на сезоната.
Македонскиот репрезентативец постигна гол за 1:1 пред крајот на првиот дел, а уште на првиот натпревар успеа да го импресионира новиот менаџер кој откри и каква порака имал за Бојан по поразот.
– Мило ми е што ниту еден друг клуб не го купи Миовски. Јасно е дека клубот ќе добие многу пари од него. Типувам дека ќе постигне 30 гола оваа сезона, му го кажав тоа по крајот на мечот. Тој ќе постигне уште десет погодоци, бидејќи ќе креираме многу повеќе шанси за него кога ќе врземе континуитет како тим. Сигурен сум дека ќе креираме шанси за него, – изјави Ворнок.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА24 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
АБА лига22 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија19 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити