Поврзете се со нас

СЕХА лига

Вори: Вардар е тим со борбен дух, ама ние сме подготвени за овој предизвик

Објавено

на

Во наредниве денови ќе се одигра завршницата на СЕХА лигата во Задар, а први на програмата се полуфиналните мечеви во кои за нас интересен е оној меѓу Вардар 1961 и ППД Загреб.

Таа средба е закажана за утре од 20:30 часот, а двете екипи со подеднакви шанси влегуваат за пласман во големото финале. Постои голема почит меѓу двета клуба кои направија доста промени во играчкиот кадар, па затоа се очекуваат доста возбудувања, многу борба на теренот во Задар.

-Не чувствувам толку притисок, ППД Загреб е институција во ракометот и ние секогаш сакаме да го дадеме најдоброто од нас. Слично како и Вардар, имаме нови играчи и нов тренер, но сè оди во вистинската насока, -истакна предводникот на „плинарите“, Игор Вори.

-Тие се бранители на титулата, покрај многуте промени во тимот, сепак го имаат оној голем борбен дух, што го покажаа во четвртфиналето против Нексе. Но, ние сакаме да ги докажеме нашите способности и амбиции во ова навистина тешко полуфинале. Нашата екипа расте секој ден и подготвени сме за овој голем предизвик против Вардар 1961, -порача Вори во пресрет на закажаното полуфинале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни