Уште еден гол на репрезентативецот: Тричковски ја отвори серијата и ja најави победата на АЕК Ларнака (Видео)

tricko

Македонскиот напаѓач, Иван Тричковски кој доби повик од селекторот Игор Ангеловски за престојните пријателски натпревари со Финска и Азербејџан продолжи да ги тресе мрежите на Кипар.

Овој пат нашиот репрезентативец ја најави победата на АЕК Ларнака на гостувањето кај Омонија со погодок во 12 минута. По  Тричко стрелаше и Акоран за зголемување на предноста, домаќините преку Екиза во 42 минута се вратија во игра за да нововлезениот Тете во 68 го постави конечниот резултат од 3-1.

Сега тимот на Иван и дефанзивецот Даниел Мојсов кој ги одигра сите 90 минути е на третото место со 58 бодови.

Facebook Коментари