Вооружена банда од Бразил го нападна тимот на Мерцедес, Хамилтон шокиран (Фото)

F1 Grand Prix of Mexico

Овој викенд на програмата е бразилското гран-при во Интерлагос, но иако оваа трка нема да донесе некои посебно возбудувања со оглед на тоа што е решена битката за титулата, работите излегоа контрола со случувањата надвор од патеката.

Имено, по крајот на вчерашните тренинзи, едно комбе во кое биле смесетени претставници на Мерцедес било нападнато од страна на вооружена банда, а при нападот било пукано со цел да се заплашат работниците кои морале да им дадат неколку важни и скапи материјали на разбојниците.

Целата оваа ситуација предизвика голема паника со оглед на тоа што гран-при викендите во Бразил и во минатото знаеле да донесат вакви непосакувани моменти, а без разлика на тоа што никој не бил посериозно повреден, шокираниот Хамилтон испрати јасна порака преку својот Твитер профил.

– Дел од мојот тим бил задржан од вооружени разбојници синоќа при напуштањето на автодромот во Бразил. Имало и пукотници, на некои им биле вперени пиштоли во глава. Големо разочарување е да се чуе вакво нешто. Се молам за моите момци кои денеска се приморани да се тресат поради тоа што само професионално си ја вршат работата, – напиша Хамилтон, а потоа следеше уште една објава.

– Секоја година овде се случува ова. Формула 1 и тимовите мора да направат нешто повеќе околу оваа работа, тука нема оправдувања!, – заклучи новиот светски шампион.

Facebook Коментари