Воодушевениот Артета откри од кој играч на Арсенал е посебно изненаден: Тој е навистина необичен!

mikel-arteta

Микел Артета е свесен дека има уште многу работа пред себе како менаџер на Арсенал, а во моменти кога англиските таблоиди пишуваат за најавеното засилување кое ќе пристигне на „Емирејтс“, шпанскиот стручњак даде една навистина искрена изјава за играчот од кој е најмногу импресиониран.

Новиот менаџер на „топчиите“ презема состав кој е во доста незавидна ситуација и кој мора да поправи многу работи за да се врати на вистинскиот колосек, но кога требаше да издвои еден играч од кој е посебно импресиониран, Артета го посочи младиот Бразилец, Габриел Мартинели.

– Слушнав многу работи за Габи пред да дојдам тука, а во моментот кога видов како тренира, се потврдија сите работи кои ми беа кажани. Ми беше посочено дека ќе видам дете кое оди на секоја топка, кое има неверојатен борбен дух и огромен квалитет пред голот. Ми најавија дека ќе бидам изненаден колку е подготвен да се бори со сите поискусни играчи и навистина е така. Си помислив дека има само 18 години и дека тоа не е нормално, но кога го гледате како игра на големите натпревари, тој е вистинско изненадување. Начинот на кој се натпреварува, неговата храброст и одлуките кои ги носи се необично за дете од 18 години, – посочува Артета.

Facebook Коментари