Поврзете се со нас

Германија

Вонсерискиот прием на Кејн е топ тема во Германија: Го рекреираше логото на Бундеслигата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Хари Кејн постигна хет-трик и практично сам ја осигура новата победа за Баерн Минхен во Бундеслигата, а два од трите гола ги постигна во судиското продолжение.

Англискиот репрезентативец продолжи онаму кадешто застана пред репрезентативната пауза, па иако два погодоци беа од белата точка, последниот посебно се најде во центарот на вниманието.

Единствениот гол од игра беше вистинска фудбалска мајсторија, бидејќи Англичанецот понуди сензационален прием во 95-та минута.

Кејн направи додавањето од Леон Горецка да изгледа вонсериско, па поради неверојатната екстензија на ногата, видеото стана и вирален хит.

Фановите забележаа дека Кејн со својот прием го рекреираше долгогодишното лого на Бундеслигата, па затоа овој погодок на Хари стана и топ тема на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни