Поврзете се со нас

Италија

Вонсерискиот пас на Чалханоглу на дербито против Јуве ги воодушеви фановите на Интер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Хакан Чалханоглу претрпе многу критики поради реализираниот трансфер од Милан во Интер, но откако успеа да се адаптира и да ја надмине почената фаза, се претвори во вистински лидер во средниот ред на Симоне Инѕаги.

Турскиот репрезентативец има големо влијание врз играта на актуелниот лидер во Серија А, па тоа го прикажа и на вчерашното големо дерби против Јувентус.

Интер победи во мега пресметката со минимални 1:0 и направи важен исчекор во битката за титулата, а Чалханоглу учествуваше во голем дел од опасните акции кои ги режираа „нераѕурите“.

Посебно импресивен беше еден негов пас со кој го извади од игра речиси цел тим на Јувентус, потег кој предизвика внимание и од официјалниот профил на Серија А.

Мајсторијата на Чалханоглу беше прикажана од два уникатни агли, а во дадената ситуација добро изреагира и судијата Марсека кој мораше да се наведне за да избегне контакт со топката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни