Поврзете се со нас

Олимписки игри

Вонсерискиот Лука во акција: Дончиќ имаше неверојатно деби на ОИ, Аргентинците не знаеја што ги снајде (Видео)

Објавено

на

Лука Дончиќ на извонреден начин дебитираше на едни Олимписки игри, откако не покажа нималку милост кон актуелниот светски вицешампион Аргентина кој едноставно не најде решение за ѕвездата на Далас Маверикс.

Словенија ја диктираше играта во текот на целиот меч и повеќе од заслужено славеше со комотни 118:100, средба која ќе остане запаметена по вонсериското деби на маестро Дончиќ на една Олимпијада.

Младиот кошаркар беше исклучително расположен за игра и уфрли 48 поени во кошот на Аргентинците, а придодаде и 11 скокови и 5 асистенции. Лука на крајот имаше време и да одмори и овој учинот го оствари за само 31 минута на паркетот, што дополнително говори каква партија имаше НБА ѕвездата.

За разлика од неговите колеги од најсилната кошаркарска лига кои вчера беа под просекот и заслужено загубија од Франција, Дончиќ беше лидер на својата селекција, во која се истакна и Препелиќ со 22 поени.

Кај Аргетина, искусниот Скола беше најефикасен со 21 поен, следен од Дек кој уфрли 17. Во втората рунда, Словенија игра против Јапонија, а потоа ја чека дуел со Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни