Поврзете се со нас

Англија

Волвс платија 17 милиони фунти за првиот трансфер во ерата на Переира

Објавено

на

Фото: https://x.com/Wolves

Португалскиот стручњак Витор Переира беше доведен на клупата на Вулверхемптон за да го извлече тимот од лошата резултатска серија, а оттогаш „волците“ барем малку го поправија впечатокот кај фановите и својата позиција на табелата.

Переира сега доби можност да побара и одредени засилувања за тешкиот втор дел од сезоната, а раководството му овозможи искусен француски дефанзивец.

Се работи за 27-годишниот Емануел Агбаду, кој доаѓа од Ремс и за кого францускиот клуб ќе добие 16,6 милиони фунти, а треба да ја засили одбраната на премиерлигашот.

Агбаду е интернационалец од Брегот на Слонова коска, пред Ремс настапувал за белгискиот прволигаш Ујпен, а ќе биде сериозно освежување за екипата која го загуби Москера поради сериозна повреда и Килман поради трансфер во редовите на Вест Хем.

Волвс имаат трет најлош ефект сезонава во Премиер лигата, а само поради подобрата гол-разлика се надвор од опасната зона на табелата во англиското елитно натпреварување.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни