Волтон: Лука, направи ми услуга и дај му автограм на судијата… (ВИДЕО)

doncic-volton

Составот на Далас Маверикс ја оправда улогата на фаворит и славеше над Сакраменто со 130-111 во меч кој беше прв за Лука Дончиќ откако ја санираше и надмина повредата на зглобот.

Словенецот блескаше и реализираше 33 поени, 12 скокови и 8 асистенции со што потврди дека е максимално подготвен за Ол-старот во Чикаго. Меѓутоа дуелот во Тексас донесе и препирка меѓу Дончиќ и тренерот на гостите, Лук Волтон кој во третата четвртина доби техничка, по што искоментира:

-Лука, направи ми услуга и по мечот дај му автограм на судијата. Тој е фан, тој е твој голем фан, -коментираше Волтон.

По средбата ѕвездата на Далас исто потврди дека за време на средбата Волтон му кажал нешто што не му се допаднало, ама не откри за што се работи.

Facebook Коментари