Поврзете се со нас

Боречки спортови

Волкановски веднаш побара реванш, Топурија има други планови и крои спектакл на „Бернабеу“!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ufc

Александар Волкановски го предаде тронот во УФЦ перо категорија после речиси 1.500 дена и рано утрово беше детронизиран, откако Илија Топурија се покажа убедливо најтежок предизвикувач за борецот со македонско потекло.

Австралиецот кој се нарекува себеси „Александар Велики“ претрпе тежок нокаут во втората рунда и не можеше да се одбрани од жестоката серија на Топурија, кој откако го патосираше Волкановски, победата ја славеше со шпанско и грузиско знаме на себе.

Популарниот Матадор полека се претвора во симбол за шпанските и грузиските фанови на боречките вештини, бидејќи со оваа победа го поправи својот скор и истиот гласи 15:0.

За жал, ова беше втор пораз за Волкановски во период од неколку месеци, но фактот што го претрпе во својата природна категорија сега му дава предност на Топурија да го бира следниот главен настан во УФЦ.

Алекс смета дека треба да добие шанса за реванш и тоа го побара веднаш по крајот на борбата, но засега плановите на Топурија се други и сака да го однесе УФЦ караванот во Шпанија, или поточно на „Сантијаго Бернабеу“.

Новиот перо шампион го предзивика Конор МекГрегор и го запраша Ирецот дали има храброст повторно да влезе во октагонот, па сега останува да видиме кои ќе бидат следните чекори кои ќе ги преземат Дана Вајт и неговите најблиски соработници.

– Не сум изненаден од Топурија, знаевме дека е брз и силен. Заврши одлична работа и можам само да му честитам. Сепак, јас долги години бев шампион и сакам реванш. Сметам дека заслужувам реванш и тоа треба да се случи. Владеев долго време, секогаш бев човек кој работеше за УФЦ и никогаш не избегнав некој предизвик. Се сретнав со Холовеј три пати, сметам дека заслужувам реванш со Топурија и тоа ќе биде поразличен предизвик за двајцата, – изјави Австралиецот со македонско потекло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни