Поврзете се со нас

Боречки спортови

Волкановски го претепа Холовеј и влезе во историјата на УФЦ (Видео)

Објавено

на

Александар Волкановски продолжува да пишува историја во перо лесна категорија во УФЦ, која по се изгледа веќе не е доволно голем предизвик за борецот со македонско потекло.

Австралиецот по трет пат го порази Макс Холовеј во една интересна борба која заврши без нокаут, но за која судиите имаа едногласна одлука во корист на Александар „Велики“.

Тројцата судии имаа идентични бодувања и доделија 50:45 во корист на Волкановски, кој на овој начин ја затвора трилогијата против Холовеј со исто толку победи против овој противник.

Волкановски е во страшен налет и ова за него беше 22-ра победа во низа, но стана еден од ретките борци кои својата УФЦ кариерата ја започнале со неверојатни 12:0.

По победата во октагонот, Волкановски најави дека планира да оди една категорија погоре и да ги држи шампионските појаси во две УФЦ дивизии.

– Искрено мислам дека оваа дивизија веќе не може да ме задржи. Сакам да одам ниво погоре, да бидам двоен шампион и да бидам зафатен во две дивизии, – изјави Волкановски откако стана само четвртиот борец во историјата на УФЦ што ги добил првите 12 борби по легендарните Андерсон Силва, Камару Усман и Хабиб Нурмагомедов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни