Поврзете се со нас

Германија

Волфзбург со аспирин терапија за „фармацевтите“, Ајнтрахт и Фрајбург приредија гол шоу (Видео)

Објавено

на

Денешната програма во Бундеслигата не можеше да започне подобро и поатрактивно, но по дуелот меѓу вечните ривали Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, вечерва се одиграа уште три средби.

Баер Леверкузен кој забележа две победи по рестартот изгледаше прилично расположено, но оваа вечер доби аспирин терапија од страна на Волфзбург, тим кој убедливо славеше во домот на „фармацевтите“.

Гостите комплетно го надиграа противникот и дадоа четири гола за водство од 0:4, па на крајот само почесен погодок постигна Баумгартлингер. За Волфзбург, два гола беа дело на Понграчиќ, а по еден дадоа Штефен и Арнолд.

Вистински возбудливо вечерва беше и во Франкфурт, каде домаќинот Ајнтрахт на крајот успеа да се избори за бод во гол шоуто со Фрајбург. Гостите имаа водство од 1:3 до 79-та минута, но потоа Камада и Чендлер набрзина израмнија за конечни 3:3.

На последната средба, Вердер Бремен и Борусија Менхегладбах одиграа без голови, со најнепопуларниот резултат 0:0.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни