Волфзбург со нова бараж победа над Кил обезбеди опстанок во Бундеслигата (Видео)

wolfzburg-kiel

Волфзбург пред четири дена славеше на домашната „Фолксваген арена“ со 3:1 во првиот бараж дуел за опстанок во Бундеслигата со Холштајн Кил со 3:1, а оваа вечер на реваншот кој го одигра на гостински терен само го потврди учеството во елитното друштво и наредната сезона.

Фаворизираниот Волфзбург победи со 0:1 и на вториот антпревар во баражот на Бундеслигата, а единствениот гол на мечот беше постигнат во 75-та минута кога Кнохе ја затресе мрежата на домаќините. На овој начин, „волците“ оставаат зад себе една лоша и турбулентна сезона во која до последното коло се бореа за обезбедување на бараж двомеч, а откако го одиграа истиот, сега може да размислуваат на тоа како ќе го вратат стариот сјај кога важеа за еден од подобрите тимови во Германија.

Facebook Коментари