Формула 1
Волф за плановите на Мерцедес по следната сезона: Младите возачи се иднината…

Продолжувањето на соработката меѓу Мерцедес и Луис Хамилтон беше потврдена вчера, а воопшто не е изненадување ако се знаат успесите и доминацијата на тимот и седумкратниот Формула 1 шампион.
Британецот потпишал нов едногодишен договор, што повторно донесе шпекулации дека планира да се повлече од Ф1 по крајот на претстојната сезона.
Тимскиот шеф Тото Волф на денешниот брифинг со новинарите појаснил одредени работи поврзани со продолжувањето на договорот.
– Секогаш е тешко да се најде време за преговори кога има трки, но оваа година сфативме дека и други причини може да ги одолжат разговорите на оваа тема. Затоа нема да дозволиме да чекаме до следниот јануари и статусот за 2022 година ќе биде решен побрзо, – изјавил Волф.
Тој не сакал да демантира дека Мерцедес може да го подмлади тимот, бидејќи по оваа сезона истекува и договорот на Валтери Ботас.
– Нашите први разговори ќе бидат со Валтери и Луис, почитувајќи го она што го направиле за екипата, но од друга страна факт е дека младите возачи се иднина, – вели Волф, алудирајќи и на Џорџ Расел кој одлично се снајде менувајќи го Хамилтон во болидот на Мерцедес.

- Лига на шампионипред 24 часа
Иличиќ бесен откако беше изваден по само 30 минути игра, Гасперини веднаш му возврати
- Италијапред 21 час
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Англијапред 22 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 22 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Лига на шампионипред 23 часа
Гвардиола одговори на прашањето дали се фаворити во Лигата на шампионите: Kога ги гледам нив не би рекол дека сме
- Лига на шампионипред 21 час
Капело: Прво беше оштетен Лацио, па Аталанта, ова станува сомнително
- Англијапред 20 часа
Гвардиола ја откри тајната на Сити за успесите: Имаме многу пари за да купиме неверојатни играчи (ВИДЕО)
- ВТАпред 21 час
Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка во Москва