Поврзете се со нас

Свет

Волф се врати во Кил и порача: Ова е мојот дом, го сакам притисокот…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kielcehandball/

Еден од најдобрите ракометни голмани, Андреас Волф ја смени средината и во иднина ќе го гледаме во дресот на бундеслигашот Кил.

Волф во изминативе пет години беше дел од полскиот великан Кјелце кој за овој трансфер ќе добие огромна сума на пари. Се исполнија барањата на Кјелце по што се отвори патот за германскиот репрезентативец да се врати во таборот на „зебрите“ за кои настапуваше од 2016 до 2019 година.

-Среќен сум што се враќам во Кил. Го познавам градот, клубот, голем дел од тимот и специјалните навивачи. Тоа ќе ми го олесни новиот почеток. Сите кои вложија неверојатни напори да го овозможат ова враќање, направија да се чувствувам како да ја правам вистинската работа.

-Пред се Виктор и Филип со кои накратко разговарав за минатото, но многу подетално за плановите и иднината. Тоа ме убеди дека нашата заедничка мисија во Кил сега треба одново да започне.

-Ова е мојот дом, сакам да се натпреварувам со најдобрите тимови во светот недела по недела. Го сакам притисокот што го има во Кил и во најсилната лига во светот. Да се ​​натпреварувам против најдобрите на секој натпревар ќе ме направи уште посилен, -порача Волф кој има 33 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни