Светски првенства
Волф правеше чуда на голот, но Португалците испишаа ракометна историја со гол во 70. минута! (Видео)

Португалија е најубавата спортска бајка на 29-от ракометен мундијал, а истата добива ново продолжение и не згаснува во четвртфиналето на Светското првенство.
Во едно супер возбудливо и драматично четвртфинале до последната секунда, Португалците на крајот излегоа како поумешни и посконцетрирани во големата драма со Германија, во која мораа да се играат и дополнителни 10 минути за да се дознае последниот патник меѓу четирите најдобри.
Португалија беше подобра селекција и ги диктираше случувањата на теренот цели 45 минути, но во последните 15 постојано бркаше резултат и лесно можеше Германија да победи на искуство, но и благодарение на својот голман кој правеше чуда на голот.
Волф со 18 интервенции во регуларните 60 минути ја остави Германија во игра за медалите, па иако неговите соиграчи имаа напад за победа при резултат 26:26, на крај актуелниот олимписки вицешампион не успеа да испрати удар кон голот.
Тоа значеше дека ќе се играат дополнителни десет минути, а во истите вистински херој беше Мартин Кошта кој постигна три голови, вклучувајќи го и оној последниот на пет секунди пред крајот за победа од 31:30.
Неговиот гол донесе ерупција од радост и солзи радосници кај Португалците, бидејќи ова за нив е прво полуфинале на едно Светско првенство.
Херојот Мартин Кошта три од четирите гола постигна од продолжението, неговиот брат Франсиско го заврши мечот со осум реализации, а извонреден беше и Итуриза со седум голови.
Кај Германците, залудна беше вонсериската партија на голманот Волф кој имаше вкупно 21 интервенција, како и добрата офанзива партија на Зербе кој постигна девет голови.
🔥🔥🔥🔥
🇵🇹 Martin CostAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA
😱Le Portugal est en DEMI FINALE, match incroyable et un Danemark Portugal encore plus incroyable qui s’annonce
Quelle qualié, quel coeur, quels joueurs, quel mental🔴🟢#handaction @xavham @DomVerdon ❤️ pic.twitter.com/mmGjNrPle8
— Intervalle Handball (@HandIntervalle) January 29, 2025
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија22 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони18 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…