Поврзете се со нас

Формула 1

Волф откри зошто Ботас не се бореше за најбрз круг во Франција: Мислевме дека Перез ќе добие казна

Објавено

на

Мерцедес излезе како губитник на Формула 1 трката во Франција, каде Макс Ферстапен дојде до победата пред Луис Хамилтон, додека Валтери Ботас го загуби третото место во дуелот со Серхио Перез.

Тимскиот шеф на Мерцедес призна дека неговиот тим се коцкал и со дополнителниот бод за најбрз круг и на крајот загубил.

– Мислевме дека Перез можеби ќе добие казна од пет секунди поради напуштање на патеката и затоа му рековме на Ботас да остане на патеката и да одржува разлика помала од пет секунди. Тоа беше балансирање меѓу евентуалната казна за трето место и тој дополнителен бод, па на крајот останавме со празни раце, – изјавил Волф објаснувајќи зошто Ботас не влегол вторпат во боксот за да го брка најбрзиот круг со свежи пневматици.

Австриецот го посочува првиот пит-стоп како клучен за триумфот на Ферстапен.

– Имавме 3 секунди предност и мислевме дека е доволно за Хамилтон да остане на првото место по влегувањето во боксот, но погрешивме. Откако се случи, веќе бевме во втор план и полоша позиција, – открива Волф.

Со ваквиот епилог на „Пол Рикар“, Ред Бул има 37 поени повеќе од главниот ривал Мерцедес во генералниот пласман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни