Поврзете се со нас

Формула 1

Волф лут по трката во Баку: Вакво нешто не смее да ни се повтори

Објавено

на

Откажувањето на сопирачките на задните тркала го чинеа Луис Хамилтон не само подиум, туку веројатно и прво место на Формула 1 трката во Баку, а фактот што остана без поени делуваше фрустрирачки на Британецот, но и на тимот на Мерцедес.

Тимскиот шеф Тото Волф призна дека е лут и разочаран затоа што целиот тим потфрлил и останал без важни поени, посебно откако Макс Ферстапен не ја заврши трката.

– Мора да ја вратиме нашата најдобра „игра“ во шампионатот, нашиот болид не беше во Баку цел викенд. Не смееме да правиме грешки, а тоа не беше така последните две трки.

Малерозни фаворити: Како Ферстапен и Хамилтон доживеаја разочарување во Баку (Видео)

– Не е само проблемот на Хамилтон кој фрустрира, туку целосните перформанси, не успеавме да ги исполниме очекувањата.

– Не смееме да продолжиме да губиме поени како овде и во Монако, тоа е неприфатливо за сите во тимот, – изјавил Волф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни