Поврзете се со нас

Формула 1

Волф ја „прослави“ победата на Ботас дури откако сфати дека го снима камерата (Видео)

Објавено

на

Тото Волф пред извесно време донесе тешка одлука која сигурно го разочара Валтери Ботас, возач кој од наредната сезона веќе нема да биде член на Мерцедес.

Местото на Финецот во Мерцедес ќе го пополни Џорџ Расел, но Валтери денеска јасно стави до знаење дека ќе ги искористи последните трки до крајот на сезоната за да го искаже сиот свој потенцијал.

Ботас денеска издоминира во тешките врнежливи услови во Турција и стигна до заслужена победа, по која на социјалните мрежи многу се зборува за реакцијата на тимскиот шеф на Мерцедес.

Додека другите луѓе од Мерцедес со восхит му ракоплескаа на Ботас за одлично завршената работа, Тото Волф ја „прослави“ победата дури откако сфати дека е снимен од камерата.

Волф со големо задоцнување му оддаде признание на својот возач, а видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни