Поврзете се со нас

Формула 1

Волф го крена гласот по трката во Саудиска Арабија: Се надевам дека сите ќе научат нешто

Објавено

на

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф имаше причина за радост, но и за фрустрација по трката возена на патеката Џеда во Саудиска Арабија.

Вчерашната трка донесе многу возбудувања и судари меѓу пилотите на патеката, а на крајот од целиот карамбол победник излезе Луис Хамилтон кој го имаше и најбрзиот круг на патеката, па на крај се изедначи по бројот на бодови со Макс Ферстапен пред последната трка која ќе го одлучи годинешниот шампион во Формула 1.

Поради опасното возење, односно, недозволеното претекнување како и контактот со Луис Хамилтон, Макс Ферстапен доби десет секунди казна од директорите на трката, по што Британецот на убедлив начин стигна до триумфот.

Инцидентите предизвикаа големи полемики и остри реакции во јавноста, па таква беше и онаа на Тото Волф кој предупреди дека и на последната трка судар би можел да го реши шампионот оваа сезона.

– Се надевам дека оваа трка имаше доволно последици и дека сите ќе научат нешто од неа. Се надевам дека сите ќе се прилагодат за трката во Абу Даби да помине како што треба. Мислам дека возење слично како на Џеда ќе се казнува во Абу Даби. Се би можело да се реши со хаотична ситуација, а мислам дека никој не сака битката за титулата да се заврши со судир.

– Во случај тоа да се случи, верувам во системот кој ќе донесе вистинска одлука. ЈАс во Бразил реков дека поставуваме опасен преседан ако не реагираме на опаснто возење. Видовме инциденти кои се слични на тие од Интерлагос, само со помали брзини, -изјави Тото Волф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни