Поврзете се со нас

Шпанија

Волеј за најавните шпици во Ла Лига: Риоха го „проби“ Облак, Атлетико повторно разочара (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид доживеа елиминација од Борусија Дортмунд и стави крај на својот пат во Европа, па сега главна цел на избраниците на Чоло Симеоне ќе биде топ четири финиш во домашното првенство.

Добра вест за „колчонеросите“ беше тоа што Атлетик ремизираше во петокот против Гранада, но наместо да се одлепат во битката за четвртото место, мадриѓаните вечерва повторно го прикажаа најлошото лице.

Атлетико е непрепознатлив на гостувањата цела натпреварувачка сезона, па така од тоа профитираа и играчите на Алавес кои се израдуваа на голема победа од 2:0.

Со овој триумф, Алавес избегна од опасната зона и сега е на сигурно, а домашните навивачи долго ќе се сеќаваат на мајсторијата на Риоха во судиското продолжение.

Фудбалерот на Алавес испорача спектакуларен волеј во мрежата на Облак, со што стави точка на прашањето кои ќе ги однесе трите бода. Претходно, водечкиот гол за Алавес го постигна Бенавидез.

Погодокот поглднете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни