Поврзете се со нас

Олимписки игри

Волеј бравурата на Ојарзабал недоволна за Шпанците: Бразил го одбрани олимпиското злато (Видео)

Објавено

на

Бразил излезе како победник и во второто од трите последователни финалиња кои ги игра на Олимписките турнири, бидејќи по триумфот во Рио пред пет години, денеска славеше и во големата пресметка против Шпанија.

„Кариоките“ својата врска со финалињата на Олимпијадите ја започнаа во Лондон во 2012-та година кога загубија од Мексико, но во наредните две изданија, стигнаа до златниот медал, а овој денешниот пристигна по одиграни продолженија и вистинска борба со Шпанците.

Шпанија има за што да жали во ова големо финале, бидејќи пред самиот истек на 90-та минута во два наврати ја погоди рамката од голот, нереализирани шанси за кои скапо плати во дополнителните 30 минути игра.

Во регуларниот дел, резултатот беше 1:1 благодарение на головите на Куња и Ојарзабал, од кои овој вториот беше вистинска фудбалска бравура со оглед на тоа што фудбалерот на Реал Сосиедад зафати импресивен волеј.

На крајот, како пресуден се покажа погодокот на резервистот Малком, непишаниот играч на Рома кој сега дочека светска слава со погодокот за ново олимписко злато на Бразил. Малком прими одлично додавање во 108-та минута, па со одлична завршница го матираше Симон за 2:1 во финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни