Поврзете се со нас

Свет

Волден предизвика „земјотрес“ откако реши да го напушти Партизан и да се пресели во најголемиот ривал

Објавено

на

Американскиот кошаркар Кори Волден предизвика вистински „земјотрес“ во Белград и Србија, откако медиумите соопштија дека решил да го направи најголемото „предавство“ кое може да се случи во српската престолнина.

Досегашниот член на Партизан побарал раскинување на договорот со „црно-белите“ со плаќање на однапред одреденото обештетување, а подоцна стана јасно дека негов следен клуб ќе биде градскиот ривал Црвена Звезда.

Тоа ги налути навивачите на Партизан, кои не веднаш преку социјалните мрежи почнаа да му испраќаат заканувачки пораки на Волден, најавувајќи му дека нема да има пријатен престој во Белград како играч на лутиот ривал.

Покрај заканите, тука се и навредите на расистичка база, а работата отиде дотаму што дел од медиумите велат дека Волден на крајот може и да се откаже од идејата да се пресели во Звезда, иако добил финансиска понуда која тешко може да ја одбие.

Во АБА лигата, Волден во прекинатата сезона имаше просечен учинок од 8,9 поени и 1,8 асистенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни