Поврзете се со нас

Англија

„Волците“ со 40 милиони евра „уловија“ првотимец на Барселона

Објавено

на

Барселона е тивка во овој преоден рок од проста причина што прво мора да продаде, се ослободи од дел од играчите за да може потоа да се обиде да донесе некого во своите редови.

Причината за тоа е финансиската ситуација во која се наоѓаат каталонците и сумата на пари која ја издвојуваат за плати на играчите, па затоа мора прво да се ослободи простор, си заминат играчи. Иван Ракитиќ беше испратен во Севилја, Артуро Видал треба да го комплетира преминот во Интер, а останува неизвесно што ќе се случи со Луис Суарез кој исто не е во плановите на тренерот Роналд Куман.

Во меѓувреме Барса се обидува да продаде некој од играчите, да заработи поголема сума на пари и според „ЕСПН“  е на добар пат тоа да го направи. Според овој извор десниот бек Нелсон Семедо е пред премин во премиерлигашот Вулверхемптон за сума од околу 40 милиони евра.

Наводно овој трансфер треба да се официјализира наредните денови со што двете страни би добиле со оглед на тоа што „волците“ бараа десен бек, замена за Мет Доери кој отиде во Тотенхем. Агент на Семедо е Жорге Мендеш  за кого е познато е во блиску односно со Вулверхемптон и во изминативе години има донесоа многу португалски фудбалери во овој клуб.

Семедо од 2017 година настапува во Барселона, но не успеа да ги оправда очекувањата и да биде идеално решение за десната бековска позиција.

Шпанскиот вицешампион добиение средства за него се очекува да ги искористи за ангажман на Ерик Гарсија од Манчестер Сити и еден од двоецот бекови Сержино Дест (Ајакс) и Макс Еронс од Норич.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни