„Волците“ сериозно го тестираа лидерот, но несопирливиот Ливерпул одново го најде патот до победата (Видео)

bobi-vulvs

Вулверхемптон уште еднаш докажа дека е крајно незгоден домаќин на стадионот „Молињу“, особено кога Адама Траоре е расположен за игра како што беше вечерва во второто полувреме.

„Волците“ сериозно го тестираа европскиот шампион Ливерпул и имаа добри шанси да остварат и победа, но сепак актуелниот лидер кој е несопирлив во Премиер лигата одново го најде патот до победата. Гостите имаа водство по првото полувреме благодарение на голот на Хендерсон, но Вулверхемптон влезе френетично во вториот дел и брзо израмни на 1:1 по одличната комбинација на двоецот Траоре – Хименез. Ова се случи во 51-та минута, а токму овие двајца имаа сериозни шанси да ги донесат домаќините и до водство во наредните 20 минути.

Во двата случаи, Алисон имаше одлични интервенции, па така се влезе во крајно неизвесна завршница, во која одново Ливерпул покажа неверојатен карактер. Овојпат херој беше Роберто Фирмино кој погоди за 1:2 во 84-та минута, погодок со кој европскиот првак стигна до 67-от бод од вкупно 69 во игра.

Facebook Коментари