Англија
„Волците“ продадоа фантастична тимска акција од слободен удар, Форстер ја вадеше топката од мрежата (Видео)
Вулверхемптон ја продолжи позитивната серија на резултати во последните седум дена, бидејќи по победите над Лестер и Манчестер Јунајтед, денеска остана непоразен и во Северен Лондон.
„Волците“ успеаја да му се спротивстават на Тотенхем и покажаа заби во вистинска смисла на зборот, бидејќи најпрво први поведоа, а потоа имаа и подготвено одговор кога беа пред пораз.
Гостите поведоа со фантастична тимска акција од слободен удар која во гол на претвори Хванг, па така „петлите“ беа приморани да бркаат уште од раната фаза на мечот.
Тотенхем почна да доминира по примениот гол и направи пресврт со погодоците на Бентанкур и Џонсон, а во меѓувреме пенал не реализираше и Сон.
Статистички гледано, домаќините беа далеку подобри во првиот дел и заслужено направија пресврт, но ситуацијата се промени во продолжение.
Тотенхем не испрати ниту еден удар во рамките на голот во вторите 45 минути, додека Вулвс дочека стопроцентна шанса во 87-та минута и преку Ларесен ги постави конечните 2:2.
Акцијата од слободен удар погледнете ја ТУКА
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…