Поврзете се со нас

НБА

„Волците“ комплетираа неверојатен пресврт во Лос Анџелес (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Timberwolves

Минесота до пред три рунди беше на првото место во НБА лигата, но двата порази во низа направија „волците“ да паднат на третото место на Западот каде рано утрово гледавме големо дерби.

Екипите кои беа на трето и четврто место ги одмерија силите во Лос Анџелес, а Минесота покажа неверојатен тимски карактер и со огромен пресврт славеше неверојатна победа.

„Волците“ беа во подредена улога во првите две четвртини и Клиперси стигнаа до максимални плус 22 на семафорот, но тоа на крајот не се покажа како доволно за победа на домаќините.

Гостите не се откажаат и покажаа спортски инат какошто тоа го направи и Денвер во текот на вчерашниот ден, па од минус 22 стигнаа до плус 18 на крајот од натпреварот.

„Волците“ почнаа да ја топат негативата и стигнаа до предност на крајот на третиот период, а во четвртата четвртина го разнесоа домаќините и победија со 100:118.

Тимската игра на Минесота е најсилен адут од стартот на сезоната, а утрово 37 поени постигна Едвардс, 28 постигна Александер Вокер, а Конли запиша 23 поени.

НБА резултати:

Њујорк – Филаделфија 106:79
Мемфис – Вашингтон 109:79
Оклахома – Индијана 111:121
Сан Антонио – Хјустон 101:103
Јута – Бостон 107:123
ЛА Клиперс – Минесота 100:118
Сакраменто – Милвоки 129:94

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни