Англија
„Волците“ долго одолеваа, но на крајот доживеаја потоп на „Итихад“ (Видео)

Манчестер Сити делува навистина несопирливо во Премиер лигата во овој момент, а доказ за тоа е што тимот на Пеп Гвардиола успеа да постигне четири гола против противникот кој на претходните натпревари им создаваше многу проблеми.
Вулверхемптон оствари две победи на последните три меча со „граѓаните“, но ниту избраниците на Нуно Санто не најдоа решение за разиграниот Сити кој стигна и до 21-та победа во низа во сите натпреварувања.
Лидерот на табелата во Премиер лигата отвори фуриозно и сосема заслужено стигна до предност од 1:0, иако најзаслужен за тоа беше Дендонкер кој си постигна автогол по едно уфрлање од десната страна. Пред крајот на првиот дел, Сити постигна и втор гол преку Лапорт, но после подолг преглед, истиот беше поништен поради минимален офсајд.
Вториот дел почна доста лошо за Сити, Коуди израмни на 1:1 во 61-та минута и потоа имаше големи пропусти во играта на домашниот тим, кој сепак остана неказнет по неколку лошо организирани контри. Во завршницата, Сити успеа да се консолидира и Жесус погоди за 2:1 во 81-та минута, а потоа видовме уште два гола во мрежата на Руи Патрисио.
Марез ја заокружи својата одлична партија со гол, а Жесус со својот втор погодок ги постави конечните 4:1 во 94-та минута.

- Шпанијапред 17 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 18 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 15 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 19 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 21 час
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 15 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 16 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити