Англија
„Волците“ добија „џокер“: Сарабија со волеј ремек-дело го најави потопот за Тотенхем (Видео)

Пабло Сарабија ретко добива шанса од стартот на сезоната во Премиер лигата, но поранешниот шпански репрезентативец сега доби минутажа во самата завршница и се покажа како неверојатен „џокер“ за Вулверхемптон.
„Волците“ на неверојатен начин стигнаа до пресврт и трумф над Тотенхем, кој по дерби поразот од Челси, сега претрпе нов неуспех и фрли во вода три бода кои ги имаше во ракав до 91-та минута.
Тимот на Постекоглу водеше од раната фаза со голот на Џонсон кој погоди уште во третата минута по фантастичен потег на Кулушевски, па иако со овој резултат се влезе во судиското продолжение, на крајот следеше шок за гостите и екстаза за домаќините.
Сарабија влезе во игра во 87-та минута и четири минути подоцна режираше волеј ремек-дело за паметење, а во 97-та минута испорача и клучна асистенција по која Лемина мирно го совлада Викарио за 2:1.
Навивачите на „Молину“ предизвикаа е рупција на трибините и се израдуваа на големите три бода, додека Сарабија со оваа херојска партија сигурно ќе си избори повеќе шанси од менаџерот О’Нил во иднина.
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 11 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Италијапред 23 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Германијапред 24 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
АТПпред 23 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…