Поврзете се со нас

Италија

„Волчицата“ во акција: Рома ќе донесе најмалку тројца играчи во зимскиот преоден рок

Објавено

на

foto:x.com/OfficialASRoma

Рома игра навистина лошо во досегашниот тек на оваа сезона, беа сменети двајца тренери Даниеле Де Роси и Иван Јуриќ, па сега искусниот Клаудио Раниери ќе се обиде да го „изгаси огнот“ на „Олимпико“.

Засега тешко му оди и на Раниери иако мора да се напомене дека распоредот беше тежок, поточно „волчицата“ се соочи со екипи кои се подобри од неа во моментов, па така загуби од Наполи и Аталанта двете водечки состави во Калчото, но и ремизираше со Тотенхем во Лондон што дефинитивно е еден позитивен сигнал.

Ама јасно е дека некои работи ќе мора да се променат, па така клубот од Рим ќе биде доста активен во зимскиот преоден рок ако се потврдат информациите на „Кориере Дело Спорт“. Овој медиум пренесува дека калчолигашот планира да доведе најмалку три засилувања и тоа на три различни позиции, десен и лев бек плус напаѓач.

Анхелињо и Челик немаат соодветна конкуренција на двете бековски страни, а пак на Довбик му е потребна соодветна замена, поддршка во нападот што значи дека Рома во јанури ќе добие свежа крв, нова енергија која треба да донесе попозитивни, подобри резултати.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни