„Волчицата“ има донесено одлука: Претседателот на Рома испрати порака за иднината на Алисон на „Олимпико“

alison

Составот на Рома добро се држи во актуелнава сезона, па во Серија А е во Top 4, додека во Лигата на шампионите направи големо изненадување и дојде до полуфиналето во кое ќе се соочи со Ливерпул.

Еден од најзаслужните за овие резултат на клубот од италијанската престолнина е секако голмант Алисон Бекер кој брани на високо и извонредно ниво низ целата кампања, па затоа влезе во бележникот на многу екипи. Тој се поврзува со ПСЖ, Реал Мадрид, Ливерпул… меѓутоа калчолигашот веќе има донесено одлука за него, односно Бразилецот останува на „Олимпико“ и во следната кампања.

-Не знам зошто луѓето постојано ме прашуваат дали Алисон ќе биде наш голман во следната сезона. Ние немаме намера да го продадеме, нема шанси. Ние знаеме дека е добар голман кога го потпишавме, нема начин да го продадеме, -рече претседателот на Рома, Џејмс Палота.

Палота воедно проговори за ЛШ и соочувањето со Ливерпул.

-Зошто да не можеме да дојдеме до финалето? Ливерпул е силен тим, ама и ние знаеме добро да играме. Тоа практично е дерби на Бостон. Никој не треба да биде изненаден од Рома во Европа, зошто ја освоиме групата пред Челси, го победивме Шахтјор и игравме израмнето со Барселона на првата средба. Резултатот не ја дава вистинската слика за случувњата на теренот и тоа го докажавме на реваншот, -додаде првиот човек римскиот тим.

Facebook Коментари