Поврзете се со нас

Лига на нации

Волаид со заклучок по гостувањето во Скопје: Македонија не е само Пандев!

Објавено

на

Македонската фудаблска репрезентација покажа квалитет и со комбиниран состав и во ситуација кога се чинеше дека играчите се емотивно потрошени по големото славје и историскиот пласман на едно Европско првенство, откако ова попладне успеа да спроведе во своја корист еден комплициран меч со Естонија.

Нашите играчи успеаја да победат со 2:1 и останаа на првото место во групата во Лигата на нации, по што сега задача ќе биде да го одбраниме истото и на последното гостување кај Ерменија кое е пред избраниците на Игор Ангеловски.

Македонскиот селектор одново може да биде горд на своите фудбалери, кои покажаа дека знаат да победуваат и без главниот лидер Горан Пандев, но и отсутните клучни играчи како Адеми, Барди, Алиоски и останатите.

– Тимот на Македонија е посилен од нашиот и тука нема сомнеж. Ако не беше така, немаше да бидат таму кадешто заслужено се најдоа, нивниот пласман на Европското првенство. Горан Пандев не е осамен во овој македонски тим, и без него на теренот, тие и натаму имаат многу добри играчи во тимот, – изјави селекторот на Естонците, Карел Волаид и додаде.

– Во овој момент, Македонија е пред нас и тоа треба да се признае. Кога имаат тешки моменти во мечот, знаат како да излезат на крај и да победат. Тоа го докажаа и денеска против нас, – заклучи противничкиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни