Вокер: Жал ми е за Де Брујн, но ние не се потпираме само на еден играч

kyle-walker-kevin-de-bruyne

Белгискиот репрезентативец, Кевин Де Брујн денеска заработи посериозна повреда на тренингот на Манчестер Сити и првите информации се дека го очекува пауза од неколку месеци.

Нормално ќе треба да се почекаат деталните медицински прегледи и официјални информации, но дека нешто е посериозно говори и изјавата на англискиот репрезентативец Кајл Вокер. Дефанзивецот жали за тоа што му се случи на Кевин, но верува дека Сити има доволно квалитет и длабочина во составот за да може да го мине наредниот период и без неговите услуги.

-Кевин е одличен играч и навистина е жално тоа што му се случи на него на тренинг, но ние имаме доволна длабочина во составот. Ние не се потпираме на само еден играч. Ова е тимска игра и кој ќе истапи ќе си ја заврши работата. Секако ова е голема загуба, ама имаме доволно играчи за да го покриеме, -рече Вокер.

Facebook Коментари