Поврзете се со нас

Англија

Вокер за најважниот човек во неговата кариера: Ме тераше да плачам после секој натпревар

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Кајл Вокер прерасна во еден од најдобрите десни бекови во светот под водство на Пеп Гвардиола и веќе со години наназад важи за вистинска фудбалска елита, статус до кој самиот вели дека нема да стигнел ако не добиел суров третман од неговиот татко.

Вокер го смета својот татко Мајкл за најважен човек во фудбалскиот раст, бидејќи во раната фаза од непрофесионалната кариера, добивал жесток третман по секој одигран натпревар.

– Мразев да одам на фудбал со мојот татко, мразев да ме носи тој на натпреварите. Не беше важно дали играм добро или лошо, кога влегував потоа во автомобилот, секогаш ме тераше да плачам.

– Ми требаше многу време за да сфатам дека тоа не го прави за да ми нанесе штета. Мојата мајка му велеше дека сум многу добар, но после меч со три постигнати гола, тој велеше дека сум требал да дадам шест. Многупати мислев дека тоа е погрешен третман, но тој ме направи подобра личност и подобар играч. Почна да вели дека сум добар дури кога стигнав во Манчестер Сити…..

– Неговиот пример сега јас го применувам со моите деца. Не им попуштам кога играме фудбал во градината, ги терам да научат што значи пораз. Секогаш кога играм против нив, го давам најдоброто од себе. Ако ги оставам да победуваат цело време, ќе доживеат траума кога ќе загубат првпат од некој друг. Секогаш го давам најдоброто од себе, за да не бидат научени на олеснителни околности, – открива Вокер во својот подкаст.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни