Поврзете се со нас

Италија

Вокер си постави голема цел како играч на Милан: Тоа ќе биде остварување на сонот

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Кајл Вокер самиот реши да ги спакува куферите и да си замине од Манчестер после седум успешни години, оставајќи го тимот на Пеп Гвардиола на средина на сезоната.

Досегашниот капитен на Сити реши да направи една голема промена за која размислуваше и пред две лета, но ако тогаш беше убеден од Гвардиола да остане во Манчестер, овојпат испадна дека е цврсто решен за ново европско искуство.

Вокер за првпат во кариерата игра надвор од Англија и реши да го засили Милан, клуб со голема историја и посебни вредности во италијанскиот фудбал, но и воопшто во Европа.

Десниот бек денеска го имаше првото соочување со италијанските новинари и го одработи првиот прес, а на истиот не пропуштил да нагласи дека остварување на сонот ќе биде ако ја освои титулата во Лига на шампиони со седумкратниот европски првак.

– Повеќе од јасно е, пред да дојдам тука разговарав со Златан Ибрахимовиќ. Тој ми објасни многу нешта, ми кажа за работите кои планираме да ги оствариме како клуб.

– Зборувавме за Суперкупот кој беше добра појдовна точка, знам дека ситуацијата не е перфектна во домашното првенство, но се уште постои шанса да се оди далеку во Лигата на шампиони.

– Се надевам дека ќе придодадам со моето искуство и со моето лидерство на теренот. Се надевам дека ќе го вратиме Милан онаму кадешто припаѓа во Европа. Да се освои Лигата на шампионите со Милан ќе биде остварување на сонот. Веќе го искусив тоа во неверојатното финале со Сити, но сакам сега и со Милан, – изјави Вокер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни