Поврзете се со нас

Англија

Вокер се огласи и даде објаснување за инцидентот на дербито со Арсенал (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/MirrorFootball

Дербито меѓу Арсенал и Манчестер Сити во Премиер лигата заврши со драматичен победнички гол за домаќините во 86 минута и тоа благодарение на Мартинели кој имаше помош од дефанзивецот Аке.

„Топчиите“ многу се израдуваа на овој триумф, додека очекувано кај гостите постоеше разочарување, нервоза со оглед на тоа што ова им беше втор пораз во низа и го загубија врвот на табелата.

По завршувањето на мечот имаше и тензија, препирки меѓу двете страни во кои главниот збор го имаше Кајл Вокер кој се закачи Николас Ховер кој е дел од стручниот штаб на „топчиите“, човек кој во минатото има работено во Сити.

Немаше информации за причината за нивната кавга за да Вокер сега кратко објасни што се случило.

-Не сакам да губам. На неколку натпревари претходно, Нико кој работеше за Сити, не сакаше да се ракува кога претходно ги победивме. Кога изгубивме сакаше да ми подаде рака и тоа лесно не го прифатив. Толку едноставно.

-Бев фокусиран на Англија, но веројатно ќе искомуницирам до него, дефинитивно. Ќе кажам, веројатно беше малку премногу“. Тоа ги покажува стандардите што ги постигнав и она што го научив низ годините, се работи за голем натпревар и губење на начинот на кој го направивме и така доцна, боли. Но ако не ме допира, веројатно сум во погрешен клуб бидејќи ние сме претенденти за титулата, -порача бекот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни