Шпанија
Вокер: Последниот разговор со Гвардиола не беше лесен и пријатен

Кајл Вокер денеска за првпат се обрати пред италијанскиот аудиториум и имаше можност да ги искаже своите импресии како нов член на Милан, клуб во кој пристигна после импресивни седум години во Манчестер Сити.
Капитенот на „граѓаните“ самиот побара да направи трансфер и Пеп Гвардиола му помогна во реализирањето на неговата желба, но пред да дојде до тоа, двајцата имале еден сериозен разговор.
Искусниот десен бек денеска откри дека последниот разговор со шпанскиот стручњак не бил лесен и пријатен, а откри дека најмногу инсистирал на заминување бидејќи престанал да биде важен дел во стартната постава.
– Кога разговарав со Пеп за моето заминување, разговорот не беше баш лесен и пријатен. Најмногу поради меѓусебната почит која преовладува во секој момент. Се она што тој го освои во Манчестер Сити, истото го освоив и јас. Тој знае што носам јас за соблекувалната, знаеше каква атмосфера креирам во тимот.
– Сити беше моето семејство, започнувајќи од куварите, па се до хигиеничарите, економите и физиотерапевтите. Се обидував на сите да им помогнам, но работите не одеа баш добро за мене во последно време. Не играв доволно фудбал и се надевам дека во Милан тоа ќе се промени. Дојдов за да играм фудбал и да освојувам трофеи, – посочи Вокер.
-
НБА4 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Шпанија23 часа
Познат патот до големото финале: Реал и Барса се избегнаа во завршната ждрепка во Шпанија (Фото)
-
Англија24 часа
Стоунс обелодени каква сериозна порака имал Пеп за играчите на Сити по поразот од Реал
-
Лига на шампиони20 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија22 часа
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)
-
Свет23 часа
Менди си ја наполни сметката, па си пронајде и нова фудбалска средина (Фото)
-
Англија20 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија18 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа